четврток, 12 ноември 2026
Најново

Поради оваа фотографија мајка стана мета на жестоки критики

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Стиви Ники (27) од Австралија, предизвика бес и полемики во јавноста, затоа што објави фотка каде нејзиниот 4-годишен син си игра во штикли.

Станува збор за млада мајка на четири деца, која го води и уредува забавниот семеен блог „My Tribe of Six“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Многумина ја осудија поради ваквата постапка, нарекувајќи ја лош родител, а ни самата не им остана должна на „хејтерите“ за одговор.

На една жена што ја нападнала, обвинувајќи ја дека од детето ќе направи хомосексуалец, бидејќи му дозволува да носи облека за девојчиња, таа ѝ го напиша следното:

„Не, јас нема да го сторам тоа. Но, ако таков го создал Бог, мене ни малку нема да ми пречи. Она што ми пречи е вашиот заостанат начин на размислување, како и силната потреба гласно да ги искажете необразованоста, предрасудите и нетрпеливоста. Непрестано се прашувам зошто толку напаѓате, доколку едно момче сака да проба облека за девојчиња.“

Поврзани вести