Авто-мото сојузoт на Македонија соопштува дека поради пожарот во „Јасен“, патот Р1106 Македонски Брод – Скопје продолжува да останува затворен за сите видови возила.Тие велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.„Поради летните одмори, има зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 30 минути, на граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез е околу 20 минути, додека на другите гранични премини нема подолги задржувања при влез или излез од земјата“, велат од АМСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи:



