Пожарот кој го зафати Мршевци, општина Илинден, не може да се гасне од воздух со авиони или хеликоптери, поради силниот ветер.
Сепак, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека се ангажирани повеќе ресурси за гаснење на огнот кој претходно ја зафати и црквата во Мршевци.



