четврток, 12 ноември 2026
Најново

Поради смртта на Оливер, неутешната Северина ја одложи објавата на новата песна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Популарната сплитска пејачка Северина поради смртта на Оливер Драгојевиќ ја одложи објавата на новата песна „Магија“ која ја сними со Јала Брат.


„Денеска не можам да ја објавам новата песна, не можам да зборувам, да јадам, а ни да спијам ниту би можела да се радувам… Ајде малку да тагуваме… Ќе има песни … Почивај во својата песна, Мој Галебе’, напиша Северина.

Северина со емотивна објава на својот Фејсбук профил се прости од легендата на регионалната музичка сцена.
„Ова е тешко, ова нема смисла, ова е претешко…На неговите песни ги учев првите зборови. Ова е многу тешко и не сакам да верувам. Тој е папе на сите Далматинци. Неговите песни влегоа во нас низ мајчиното млеко. Тој е во мојата ДНК, во твојата и во сите нас. Те сакам, папе. Плачем, папе. Прости ми, папе…Сите плачеме“, напиша Северина на далматиснки на својот Инстаграм.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Поврзани вести