четврток, 26 ноември 2026
Најново

Поради смртта на Шпат Касапи во Тетово утре е прогласена ден на жалост

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради смртта на уметникот, Шпат Касапи, Општина Тетово одлучи дека утрешниот ден ќе биде ден на жалост на целата нејзина територија.

Соопштението дојде од Општина Тетово, која нагласува дека пејачот Шпат Касапи дал посебен придонес во развојот на културата и музиката.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Целосното соопштение:

„Утре (понеделник), 01.12.2025 година, поради смртта на пејачот Шпат Касапи, Општина Тетово ќе прогласи ден на жалост на целата своја територија! Шпат Касапи даде значаен придонес во развојот на културата и музиката во Општина Тетово, Република Северна Македонија и на албанската музичка сцена! Сочувство до семејството, пријателите и сите љубители на уметноста!“

Потсетуваме дека Шпат Касапи беше погребан денес на гробиштата во градот Тетово, откако почина од срцев удар на 40-годишна возраст.

Поврзани вести