Поради снег затворен аеродромот во Франкфурт

Најголемиот аеродром во Европа, затворен е во вторник поради временските неприлики кои донесоа снег и мраз во северните делови на Европа.Патниците низ целата земја се соочуваат со одложени или откажани летови во текот на денот.Невремето проследено со ветар и снег, кое почна утрово во северните делови на земјата, веќе се прошири кон јужните и западните делови.Аеродромот во Франкфурт пред 10 часот откажа повеќе од 200 летови, од дневно планираните 1.238 лета.Најпогодени се домашните летови, како и интеревропските.Иако екипите се трудеа да ги размрзнат пистите и авионите, времето не им го дозволи тоа, поради што целиот аеродром извесен период беше затворен.Аеродромските власти се надеваат дека нормалната работа на аеродромот ќе може да се воспостави попладне.На патниците чии летови се одложени или откажани им е понудена храна, туш, два телефонски повици и пристап до е-маил, како и престој во хотел.Сепак,  нема да им бидат вратени парите за билетите, затоа што оваа ситуација е квалификувана како исклучителна околност.Во областа Хесен, каде се наоѓа и Франкфурт, многу училишта се затворени заради снегот, а полицијата има полни раце работа на патиштата.
МакфаксНајголемиот аеродром во Европа, затворен е во вторник поради временските неприлики кои донесоа снег и мраз во се

Пронајдете не на следниве мрежи: