Поради Јелена никогаш не се премажив: Животната приказна на Дивна Карлеуша

Познатата новинарка и водителка Дивна Карлеуша, која денес почина на 61 година, во едно од нејзините последни интервјуа ја раскажа својата животна приказна, од љубовните врски со постари мажи од кои ја доби ќерката Јелена, до работата на радио.
Уште во средношколските денови победував на натпревари во рецитирање, но и во пишување песни. Сакав да се запишам на Ликовна академија бидејќи одлично цртав, но не ме примија. И денес сликањето ме опушта, па знам да си сварам кафе, да пуштам музика и по цела ноќ да бојам на платното. Инаку, се запишав на Правен факултет, но не го завршив. Се заљубив, се омажив и станав мајка, раскажала Карлеуша.
Првата голема љубов ја запознала на 17 години. Драган ѝ бил сосед и 11 години постар од неа. Се забавувале три години, а потоа одлучиле да се венчаат кога Дивна останала бремена.


Јелена е плод на љубовта бидејќи тинејџерските љубови се најсилни. Подоцна во животот имаше и побурни и можеби поубави, но така искрени врски никогаш. Можеби тоа искуство и Јелена можам да кажам дека беа главната причина што не се премажив, открила таа во една прилика.
Како новинарка и водителка, Дивна Карлеуша првите чекори во професијата ги направила во информативната редакција на Радио 202. Подоцна повеќе била фокусирана на естрадните случувања.
Имав работа која ми причинуваше задоволство, но и голем замор. Кога работев, Јелена ја чуваа мајка ми и тетка ми. Не беше темпото на работа причина за мојот развод. И мојот поранешен сопруг имаше специфично занимање. Звучи како фраза, но некомпатибилноста на нашите карактери доведе до разидување по седум години заеднички живот. Сфативме дека подобра варијанта е добар развод отколку лош брак. Денес тој има прекрасен брак, преубава жена и два сина кои се преслатки, објаснила Карлеуша во едно интервју.
На постари години, Дивна стекна и ТВ-популарност учествувајќи во повеќе реални шоуа, меѓу кои се „Големиот брат“ и „Парови“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.