Пораз на Лина Ѓорческа во финалето на ИТФ турнирот во Аламинос

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не се закити со трофеј на ИТФ турнирот кој се одржа во Аламинос Ларнака, Кипар откако претрпе пораз во самото финале од страна на Луција Ќириќ Багариќ.

Хрватската тенисерка која е петти носител славеше со 2-0 (6-2 и 6-3), потврдувајќи ја фаворитската улога.

Ова беше прво финале за Ѓорческа во 2024 година или вкупно 34-то финале во сингл конкуренција во која има освоено 13 титули.

Пронајдете не на следниве мрежи: