Пораз по пораз во Црното Море, Путин назначи нов началник на морнарицата

Рускиот претседател Владимир Путин назначи нов началник на руската морнарица и двајца команданти на флотата по повторените напади на Украина врз нејзините воени бродови.Адмиралот Александар Мојсеев е назначен за шеф на руската морнарица, соопшти руското Министерство за одбрана.Министерот Сергеј Шојгу, исто така, за време на конференциска врска со високиот персонал на вооружените сили рече дека на местото командант на Северната флота е назначен вицеадмиралот Константин Кабанцов, а за командант на Црноморската флота е назначен вицеадмиралот Сергеј Пинчук.Новите назначувања доаѓаат по бранот украински напади врз руската црноморска флота во окупираниот Крим од 2014 година.Предокот на адмиралот Мојсеев е убиен по нападите на украинската армија, пренесува skynews.Инаку, руската флота речиси го напушти Крим, оставајќи само еден воен брод способен да истрела проектили.

Пронајдете не на следниве мрежи: