Поранешниот лидер на Хамас, Калед Мешал го повика муслиманскиот свет да протестира в петок за поддршка на Палестинците и соседните земји да се приклучат на војната против Израел.

„В петок мораме да одиме на плоштадите и улиците на арапскиот и исламскиот свет“, рече Мешал, кој моментално ја води канцеларијата на дијаспората на Хамас, во порака испратена до западни новински агенции.
Тој изјави и дека владите и народите на Јордан, Сирија, Либан и Египет имаат голема должност да ги поддржат Палестинците.
- Меланија ги истакна своите облини: Ги привлече сите погледи со позадината, а потоа прошета во парче од сезоната
- Облачно и дождливо време, во вторник се очекуваат пообилни врнежи
- Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага за незаконско постапување и насилство врз осомничени
- ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ: Го нарече „мумија” и „балсамиран лик“ и го обвини дека со години терал бизнис со ВМРО
- Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец
„Ова е моментот на вистината, вие сте блиску до границите и сите знаете каква е вашата одговорност“, рече Мешал, кој се наоѓа во Катар.
Јордан и Либан се земјите со најголем број палестински бегалци.
„За сите оние кои предаваат џихад… за сите оние кои предаваат и учат, ова е моментот да се применат (теориите)“, рече високиот претставник на Хамас.
Мешал го упати повикот кога Израел најави дека ќе го засили својот одговор на нападот на палестинската група со преземање копнена офанзива.
Пронајдете не на следниве мрежи:


