Поранешен чувар во Маутхаузен убил повеќе од 36 илјади затвореници

Од правни причини засега познат како Ханс Х., поранешен чувар на нацистичкиот концентрационен логор Маутхаузен, е обвинет за соучество во убиството на неколку десетици илјади затвореници од овој логор, соопштија германските обвинители. Тие веруваат дека Ханс Х. бил чувар во логорот од средината на 1944. до почетокот на 1945. година и дека учествувал во убиствата, пренесе Би-Би-Си. На ваквата судска одлука засега не се огласиле ниту обвинетиот ниту неговите адвокати.
Концентрациониот логор Маутхаузен се наоѓал во Австрија, на 20 километри од Линц, а во него најчесто биле водени противници на нацистичкиот режим. Најмалку половина од 190.000 луѓе кои биле однесени во Маутхаузен биле убиени, а како што наведува Би-Би-Си, судските власти се сомневаат дека Ханс Х. бил соучесник во најмалку 36.223 убиства.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.