ПОРАНЕШНАТА ГО ОСТАВИЛА БИДЕЈЌИ БИЛ ПРЕСТАР ЗА НЕА: Сега Ал Пачино има 54 години помлада жена со која доби дете

Познатиот актер Ал Пачино овој четврток го прослави својот 84 роденден . Минатата година тој стана татко во својата деветта деценија , а поради врската со 53 години помладата Нур Алфалах се најде во центарот на медиумското внимание и бројните теории на заговор, пишува Стил.Имено, најпрвин се шпекулираше дека Ал Пачино всушност не е татко на детето и дека побарал ДНК анализа за да се утврди вистината. После тоа, нивната љубов наводно пропаднала, но и покрај тие наводи, тие биле видени како заедно шетаат рака под рака. Сепак, младата Нур брзо продолжи со својот живот , додека актерот падна во заборав.
Неговата врска со актерката Дајан Китон и е добро позната на јавноста . Тие започнаа врска недолго по средбата и со бројни прекини останаа во чудна врска до 1990 година и третиот дел од култниот филм „Кум“. Сепак, тој никогаш не ја одвел актерката до олтарот, иако таа навистина сакала да се омажи за него.„Изгледаше толку тажно, но беше толку сладок и многу добар човек. Отсекогаш сонував да се омажам за маж во кој сум заљубена и кој ќе биде добар татко за нашите деца. Бев толку наивна, Требаше да размислам дека бракот е всушност добар тим од двајца луѓе, не да ме водат емоции“, рекла таа еднаш. View this post on Instagram A post shared by Diane Keaton (@diane_keaton)Ал Пачино ја доби ќерката Џули Мери (29) со учителката по глума Џен Терант , додека со актерката Беверли Д’Анџело има 17-годишни близнаци, синот Ентони Џејмс и ќерката Оливија Роуз. Актерот бил во врска со израелската актерка Меитал Дохан, која е речиси четири децении помлада од него.„Тешко е да се биде со таков старец, дури и да е Ал Пачино . Разликата во години е преголема. Се обидов да ја игнорирам, но искрено, тој сега е старец. И со сета моја љубов, не траеше“, признала Меитал по прекините.

Пронајдете не на следниве мрежи: