Поранешната сопруга на Бил Гејтс шокирана од неговата одлука: Ќе подарат 200 милијарди долари, а еве кому (фото)

По разводот, Бил Гејтс одлучи да се откаже од речиси целото богатство што го создадоа заедно – без неговата поранешна сопруга Мелинда да знае ништо за тоа. За да биде уште полошо, таа ги слушнала неговите намери – од медиумите.Одлука тешка 200 милијарди: Без консултација со поранешната сопругаМелинда Френч Гејтс откри дека нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс донел одлука да го сподели речиси целото богатство на нивната фондација до 2045 година – без претходно да разговара со неа.Основачот на „Мајкрософт“, денес на 69 години, објави дека ќе ја затвори Фондацијата Гејтс до крајот на 2045 година и дека 99% од неговото лично богатство – кое се проценува на околу 200 милијарди долари – ќе биде донирано, додека 1% ќе задржи за себе и за своите деца.„Таа одлука беше донесена откако ја напуштив фондацијата. Ја донесоа Бил со директорот на фондацијата Марк Сузман и одборот на директори. И мислам дека е фантастична одлука“, изјави Мелинда за Fortune .Мелинда го поддржува гестот, иако не беше вклученаИако не учествуваше во донесувањето на одлуката, Мелинда јавно ја поддржа одлуката на Гејтс, истакнувајќи дека тоа секогаш бил заеднички план – да го вратат своето богатство во општеството.„Тоа беше планот – огромното мнозинство ресурси да се вратат во заедницата. Прекрасно е што сега постои јавно ветување дека ова ќе се случи“, рече таа.Фондацијата ја основаа Бил и Мелинда во 2000 година, а Мелинда остана дел од организацијата дури и три години по разводот, за да ја напушти во 2024 година за да се посвети на сопствената хуманитарна организација – Pivotal Ventures , која се фокусира на помагање на жени и девојки.

Пронајдете не на следниве мрежи: