Страшна трагедија се случи во Словачка на автопатот број 63, кога поранешната сопруга на познатиот ММА борец Габор Борарош, Моника Јаклиова, загина во судир со скап автомобил Мајбах, објавува унгарскиот портал Блик.
Хоророт на патот се случил малку пред четири часот наутро на гореспоменатиот автопат помеѓу Велико Меѓер и Долни Стал, во близина на еден од излезите од автопатот, објавуваат унгарските медиуми.
Возилото Мајбах се движело по патот, пред да слета и да се забие во дрворед, по што целосно се распаднало. Се претпоставува дека се движело со голема брзина, бидејќи во судирот се распаднало на неколку делови, а потоа се запалило, според Тибор Ходоши, раководител на противпожарната служба.
Се додава дека во автомобилот се возела Моника Јаклиова, познат фитнес модел и инфлуенсер, која заедно со ММА борецот Габор Борарош се појави во познатата унгарска ТВ емисија „Парови“. Полицијата потврди дека во автомобилот имало само едно лице и дека таа го загубила животот.
Телото на возачот било лоцирано веднаш до запалениот автомобил. За жал, службите за итни случаи не можеле да ја оживеат повредената Миника, а таа била прогласена за мртва на местото на настанот.
Во Унгарија често велат дека таа била една од најубавите инфлуенсерки од оваа земја.
The post Поранешната сопруга на познатиот ММА борец загина! Се забила во дрворед возејќи скап „Мајбах“, беше една од најубавите appeared first on Во Центар.



