Поранешниот советник на Пацоли призна дека тој го нарачал убиството на неговата сопруга

Поранешниот советник на Беџет Пацоли, Наим Мурсељи, на истражителите им признал дека тој го нарачал убиството на сопругата Љиридона Мурсеља, јавуваат приштинските медиуми. Според извештаите, Мурсељи, кој беше уапсен во петокот, на друг осомничен му дал 15.000 евра пред убиството и му ветил дека ќе му даде повеќе по извршувањето на злосторството, пренесува Репортерс.

Мурсељи и уште едно лице претходно беа уапсени под сомнение дека се вмешани во убиството на Љиридона Мурсељи.

Пронајдете не на следниве мрежи: