Поранешниот сопруг на Северина за одземениот син: Некои работи мајка не смее да си ги дозволи

Откако тврдеше дека детето нема да се сели од Загреб и дека не станува збор за грабнување на детето, српскиот бизнисмен ја сподели својата страна на приказната со српските медиуми, и одговори, меѓу другото, дали ја смета Северина за добра мајка.
„Не можам да одговорам на ова прашање, но факт е дека неодамна се случиле работи што една мајка не смеела да си ги дозволи. Ова не се однесува на одземање на дете од мајка, како што ПР тимот на Северина упорно се обидува да го претстави во медиумите. Само ќе поминува повеќе време со мене, а помалку со мајка му “, изјави Милан за српски „Курир“.
Тој додаде дека смета дека таквата пресуда требало да се донесе порано.


“Оваа пресуда требаше да биде донесена уште многу одамна. Судскиот процес беше одложен поради спреченоста на Северина да присуствува на рочиштата и доцнењето на нејзиниот адвокатски тим. Задоволен или незадоволен, не е важно во овој момент. Важно е оваа пресуда да биде најдобра за нашето дете”, тврди Милан.
Уште еднаш истакнува дека синот ќе може да ја види својата мајка кога сака.
“Како што знаете, јас активно се залагам за заедничко родителство и мојата намера е да продолжам. Секако, најпрво ќе и предложам на Северина детето да биде со неа ако сум спречен и дека ќе ја вклучам колку што е можно во сите важни прашања во врска со детето, ако таа го сака тоа “, вели бизнисменот.
На прашањето како му објаснил на својот син дека ќе живее со него, тој рече дека не може да зборува за деталите во врска со детето, но истакна дека тој и Северина имаат еднакви права.
„Нашите права отсекогаш биле и ќе бидат исти. Се надевам дека Северина наскоро ќе го сфати тоа и дека конечно ќе можеме да му обезбедиме прекрасно мирно детство на нашиот син“, заврши Поповиќ.
По оваа пресуда Северина доби голема поддршка од јавноста, а таа објави трогателна порака на социјалните мрежи за својот син. Нејзиниот адвокат вчера ја поднесе жалбата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.