Поранешните директори на Клиничката болница во Тетово осудени на година ипол затвор за пожарот во Модуларната болница

Братот на екс министерот за финансии Бесими осуден на 1,6 години затвор за изгорената модуларна во Тетово.

Тетовскиот суд ги прогласи Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за тешки дела против општата сигурност во случајот за пожарот во модуларната болница, кој загинаа 14 лица, а правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово одговорно за предизвикување на општа опасност. Тие се осудени на 1 година и 6 месеци затвор.  Додека пак клиничката болница во Тетово доби казна од 1 милион денари.
Ова е втора пресуда за случајот, откако во првата беше досудена условна казна за директорите Бесими и Етеми која беше поништена од Апелациониот суд во Гостивар.
Во пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 загинаа 14 пациенти и нивни роднини.

Пронајдете не на следниве мрежи: