Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето во земјава ќе биде поменливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Минималната температура ќе се движи помеѓу 8 и 15, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени Целзиусови.
И во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.
Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец ќе преовладува и утре. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.