Поројни дождови во Австралија

Поројни дождови го зафатија источниот брег на Австралија што претставува надеж дека дел од големите пожари што ја зафатија таа држава ќе бидат изгаснати или барем успорени, јавија локалните медиуми.
Властите сепак, предупредија дека кратките и интензивни грмотевици може да предизвикаа и поплави, но постои и ризик од нови пожари.

Метеоролозите најавија нестабилно време во следните четири денови и враќање на топлото време во следните недели.
Дождовите во некои области може бидат поројни, а во други само милиметар или два додека за запирање на пожарите се потребни долготрајни дождови.

Австралија се бори со пожари во кои досега загинаа 29 лица и уништени се повеќе од 2.500 домови. Во сојузната држава Нов Јужен Велс активни се уште 85 пожари од кои 30 се под контрола. Во Викторија активни се 19 пожари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.