четврток, 12 ноември 2026
Најново

Портпаролката на Алексеј Навални ја потврди неговата смрт

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Информацијата за неговата смрт, како што пишува портпаролката на рускиот опозиционер, Кира Јармиш, е потврдена од мајката на Навални, Људмила, која отпатувала во затворот во Сибир каде што тој ја отслужуваше затворската казна

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, денеска на социјалната мрежа Икс ја потврди смртта на рускиот опозициски политичар откако вчера беше објавено дека тој починал во затворот во Сибир.

Фото: EPA-EFE/DAVID MDZINARISHVILI

Информацијата за неговата смрт, како што пишува Јармиш, е потврдена од мајката на Навални, Људмила, која отпатувала во затворот во Сибир каде што тој ја отслужуваше затворската казна.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во објавата на социјалните мрежи, портпаролката на Навални пишува оти тој бил убиен.

„Алексеј Навални беше убиен. Според официјалната порака добиена од мајката на Алексеј, неговата смрт настапила на 16 февруари во 14 часот и 17 минути по локално време“,

пишува портпаролката на Навални во објавата на социјалната мрежа.

Во објавата, таа дополнително пишува дека телото на Навални било однесено во Салехард, градот во близина на затворскиот комплекс, каде што руски истражители спроверуваат истрага. Упати повик телото веднаш да му биде предадено на семејството на рускиот опозиционер.

Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозициски политичар, почина на 47-годишна возраст во затворот на крајниот север на Русија на 16 февруари. Веста за неговата смрт вчера преку соопштение ја објави затворската служба, наведувајќи дека Навални починал откако му се слошило по прошетка.

Поврзани вести