Посебен сообраќаен режим во Скопје во недела

Службата за внатрешни работи – Скопје извести дека на 13 април 2025 година (недела), со почетокот во 10 часот наутро, ќе се одржи улична трка поради која ќе важи изменет сообраќаен режим. Мерките ќе бидат спроведени од страна на Одделот за безбедност на патниот сообраќај. Стартот и целта на трката се предвидени кај фонтаната Лотус на булевар „Илинден“, од каде учесниците ќе трчаат кон крстосницата со булевар „8-ми Септември“, овде ќе направат полукружно свртување и ќе се вратат назад до фонтаната Лотус. Во меѓувреме, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици. СВР Скопје повикува на сите возачи и граѓани кои ќе бидат дел од сообраќајот тие ден да ги почитуваат указанията и наредбите издадени од полициските службеници.

Пронајдете не на следниве мрежи: