Посебен сообраќаен режим за концертот на Чолиќ

На 15.06.2019 година со почеток во 20:00 часот на стадионот „Тодор Проески“ ќе се одржи концерт на пејачот Здравко Чолиќ.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 18:00 до 23:00 часот со периодично пренасочување на сообраќајот на бул.„Илинден“, ул.„Аминта 3-ти“ и ул.„Наум Наумовски Борче“.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.