ПОСЕН БУРЕК СО ЦРЕШИ: Мирисно и сочно, половина се јаде додека е во тавата

Ќе ви треба:

1 пакет кори за питаоколу 1 кг цреши без семки100 грама шеќер во прав200 мл кисела вода100 мл масло

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Попрскајте ја едната кора со малку кисела вода и масло, потоа втората кора и третата кора. Потоа ставете ги црешите без семки и шеќерот врз третата кора и замотајте ја. Наредете ја на плех обложен со хартија за печење. Повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки. Печете го бурекот околу 20 минути, во рерна претходно загреана на 200 степени. Готовиот бурек со цреши посипете го со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи: