сабота, 28 ноември 2026
Најново

Посетата на Трамп на Израел ќе трае четири часа, ќе се сретне со семејствата на заложниците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Очекуваната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Израел во понеделник, 13 октомври, ќе трае околу четири часа и ќе вклучи средби со премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху и семејствата на израелските заложници, а ќе се обрати и во Кнесетот, парламентот на Израел, објави денес телевизијата Канал 12.

Се очекува Трамп да слета во Израел во понеделник  наутро и да одлета во 13:00 часот, објави телевизијата, која се повикува на распоредот на неговата посета.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По пристигнувањето на американскиот претседател, на аеродромот Бен Гурион ќе се одржи кратка церемонија пред Трамп да замине за Ерусалим, каде што, е предвидено да одржи говор на пленарната седница на Кнесетот , објави „Тајмс оф Израел“.

Поврзани вести