ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА: Од полноќ, бензините и дизелот со нова цена

Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цела на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 денари, а 70,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денара, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 денари за килограм и изнесува 33,340 денари.
Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,93 проценти.
РКЕ ја донесе одлуката за цената на горивата врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.