петок, 27 ноември 2026
Најново

Поскапуваат горивата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од полноќ поскапуваат горивата. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени според кои цената на бензините и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 2,5 денари, а дизелот за 2 денари.
     Нова зголемена цена ќе има и мазутот кој ќе се продава по цена од 49,720 ден/кг.
Со најновата одлука на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени во просек за 3,47 проценти во однос на одлуката донесена минатиот понеделник.

Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 85 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 93,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 98,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 3,064 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 49,720 денари.

Поврзани вести