После знакот на Аркан на транспортерот, Вељко нарачал количка со овој детаљ- воопшто не штедел!

Вељко Ражнатовиќ вчера ја изведе својата сопруга Богдана и синот Жељко од породилиштето и тоа со транспортер кој беше украсен со знакот на тигрите, кој беше заштитен знак на неговиот покоен татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.
„Вељко сакаше посебен транспортер, како и количка, па уште пред да се породи Богдана тој ја бираше потребната бебешка опрема. Одбра мотиви кои нему многу му значат. Станува збор за транспортер со црвена и зелена боја кои беа заштитен знак на неговиот татко“ раскажал извор близок до семејството.
Тој дополнил дека парот има дизајнирано и посебна количка за својот син првенец.
„Освен транспортерот, Вељко за својот син избрал посебна количка која на предната страна ќе биде украсена со српско знаме. Иако тоа беше идеја на Вељко, Богдана се согласи, па за количката и транспортерот искешираше 2.000 евра“ додал изворот.
Потестуваме Богдана се породи во средата на 3 јуни и на свет донесе машко бебе, а го крстија по неговиот покоен дедо Жељко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.