После разводот на нејзината мајка, се огласи и Луна Џогани: Жал ми е, верував дека ова ќе трае вечно

После седум години љубов, пејачката Анабела Атијас и сараевскиот бизнисмен Андреј Атијас и официјално му ставија точка на нивниот брак. Анабела се огласи и призна дека веќе подолго време не живе со поранешниот сопруг, но дека останале во одлични односи поради нивната ќерка Бланкица.
Ќерката на Анабела, Луна Џогани истакна дека многу и е жал што нејзината мајка се развела од Андреј, за кого има убваво мислење, но и дека ја поддржува одлуката на мајка си бидејќи нејзината среќа е најбитна.


-Жал ми е што така заврши, верував дека ова ќе трае вечно, но животот е чуден и не знаеме што утре не чека. Секогаш треба да го избереме тоа што е најдобро за нас. Андреј го засакав многу и стана дел од нашето семејство. Драго ми е што се разделија како нормални луѓе и што останаа во добри односи. Ми подари едно преубаво суштество – Бланкица, и тоа секогаш ќе не спојува. Мајка ми ме има мене за секогаош и во секој момент сум покрај нејзе. Секоја нејзина одлука ја почитувам, подржувам и сакам да биде само среќна. Посакувам секој ден да ја гледам насмеана, затоа што тоа го заслужува, рекла Луна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.