После улогата во Џон Вик, Оскаровката Хали Бери станува режисер?

Една од најуспешните актерки со афро-американско потекло во Холивуд, Хали Бери (52) во филмската драма “Модринки“ освен со актерска улога за првпат во својот живот ќе дебитира и како режисер.
Тоа што ќе ја глуми Џеки Правда, посрамена спортистка која се соочува со својот шестгодишен син, кого го напуштила пред неколку години, очигледно не и е доволно на успешната и докажана актерка, која за својот досегашен труд на филмското платно освои и Оскар.
Во улогата таа ќе мора да се бори против друга спортска ѕвезда во подем и да се соочи со своите демони. Истовремено ќе се труди да се искупи за сторениот грев и да му биде добра мајка на својот син, Мени.
По тригодишна пауза овој филм е последен во низата на проекти со кои Хали Бери јасно става на знаење дека и официјално се враќа на големите екрани. И тоа овојпат уште посилна од секогаш – не само како една од најуспешните актерки во Холивуд, туку и како режисер на филмот.    

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.