Денес започна божиќниот пост,, кој трае 40 дена, до Божиќ, 6 јануари 2026 година. За сите оние кои постат, ви носиме фантастичен рецепт за мусака со печурки. Ќе уживате во секој залак од ова јадење.
Состојки:500 г печурки, исечени на ленти,4 компири, тенко исечени,2 главици кромид, ситно исечкани,1 чешне лук, ситно исечкано,1 чаша соино млеко,2 лажици брашно,2 лажици растително масло,сол и црн пипер по вкус,1 лажичка мајчина душица,1 лажица маслиново масло.
Подготовка:Загрејте го маслиновото масло и пржете го кромидот додека не стане проѕирен, потоа додадете ги печурките и лукот. Пржете додека целата течност не испари, а печурките не добијат златна боја. Додадете сол, бибер и мајчина душица.Во намастен сад за печење ставете слој компири, потоа слој пржени печурки. Повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки.Загрејте го растителното масло во мало тенџере, додадете го брашното и пржете кратко, потоа полека додадете го соиното млеко, мешајќи додека не добиете густ сос. Прелијте го мусаката.Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 40 минути, додека компирите не омекнат, а мусаката не добие златна боја.
The post Посна мусака со печурки: Оброк во кој ќе уживате appeared first on Во Центар.



