Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести дека во излогот и во внатрешниот дел на Институтот поставена е изложбата на фотографии „Париз, Ла Дефанс“ на нашиот афирмиран фотограф Александар Кондев.

Изложбата се состои од 6 фотографии и е поставена по повод одбележување на Франкофонијата.
Фотографиите се реализирани во месец декември 2021 год., за време на престојот на уметникот во Париз и истите го заокружуваат циклусот фотографии под наслов „Франција“, реализирани во периодот од 1993 до 2021 год.
Уметничкиот престој во Париз беше поддржан од Министерството за култура.
Пронајдете не на следниве мрежи:


