Постпразнична детоксикација: Идеален напиток за чистење на организмот по тешката празнична храна

Бидете нежни со вашето тело после богатите празнични оброци и овозможете му да закрепне. Ние ви го претставуваме идеалниот рецепт за тоа!
Ако по празничните слатки и солени задоволства од менито, барате бегство кон вашата идеална тежина, ова е вистинскиот пијалок за вас! Станува збор за состојки кои го забрзуваат метаболизмот и ги елиминираат токсините и мастите кои се наталожиле во телото.
Како и со секоја диета, важно е да се држите до правилата. Што се однесува до овој пијалок, важно е само правилно да го подготвите и редовно да го пиете. Подоцна, сè што треба ви преостанува е да уживате во одличните резултати, а првите се појавуваат за многу кратко време.
Потребни состојки:
– една шолја сок од домати
– 1/4 шолја сок од лимон
– лажичка рендан ѓумбир
– една лута пиперка (или половина лажичка црн пипер)
– две стебленца целер (средна големина)
Измешајте го сокот од домати, сокот од лимон, ѓумбирот и мелената лута пиперка. Ќе добиете околу 220 мл. напиток. Ставете го во стаклена чаша и додајте ги стебленцата од целер во пијалокот. Целерот се јаде додека го пиете сокот.
Подгответе вкупно 3 чаши дневно и консумирајте ги помеѓу оброците, а ако однапред подготвите повеќе течност, чувајте ја во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.