Потенцијалниот лек за коронавирус се покажал како неуспешен при тестирањето

Потенцијалниот лек против новиот коронавирус „Ремдесивир“ се покажа како неуспешен по првото клиничко испитување, се наведува во случајно објавениот документ од Светска здравствена организација.
Во нацрт-документот се посочува дека тестирањето спроведено во Кина покажало дека „Ремдесивир“ е неуспешен за лекување на Ковид-19. Лекот не ја подобрил состојбата на пациентите.
Американската компанија „Gilead Sciences“ која го произведе лекот тврди дека во документот е погрешно е претставено спроведеното тестирање.
СЗО тврди дека по грешка е објавен извештајот и го отстрани од базата на податоци за клинички тестирања.
При тестирањето биле вклучени 237 пациенти, а лекот го примиле 158, додека 79 добиле плацебо. По еден месец 13,9 проценти од пациентите кои го примиле лекот починале, како и 12,8 отсто од тие што добиле плацебо. Истражувањето е прекинато пред време поради појава на нуспојави на лекот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.