Потер го бодри несреќниот Зијеш откако му пропадна трансферот во ПСЖ

Поради ненавремено доставување на документите од страна на Челси, пропадна трансферот на Хаким Зијеш во ПСЖ, тој се врати во Лондон.

Зијеш беше во Париз каде требаше да го потпише веќе договорениот трансфер во ПСЖ. Двата клуба се договорија, но административните работи не ги завршија пред полноќ во последниот ден од преодниот рок, па трансферот на Мароканецот пропадна.

„Знам дека Хаким е професионален фудбалер и ја разбира ситуацијата, тој се врати и тренираше со тимот. Зијеш ќе биде важен за до крајот од сезоната, сигурен сум“, изјави Грем Потер.

Пронајдете не на следниве мрежи: