Потона брод во Уганда

Брод на кој имало премногу луѓе и уште бил погоден од невреме потона завчера среде езерото Викторија. Од бродот на кој се одржувала забава загинаа најмалку 31 лице, а на бродот кој пловел во близина на Кампала, главниот град на Уганда имало околу 100 лица.
Меѓу учесниците во забавата на бродот бил и принцот на кралството во Уганда, кој ја преживеал несреќата. До сега се извлечени телата на 29 загинати, спасени се само 20 лица, а во тек е спасувачката акција по останатите патници .

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.