Потрошила повеќе од 10.000 долари на својата бизарна зависност: 15 години криела што прави во тоалетот, а потоа сопругот дознал сè

44-годишната Лиса Андерсон од Девон, Велика Британија, има чудна зависност – таа јаде талк.
Оваа жена, како што пишуваат медиумите, веќе една деценија јаде бебешка пудра и никако не може да се ослободи од таа навика.
Сè започнало пред 15 години кога таа го капела својот син. За првпат ставила малку бебешка пудра на на дланката и ја изела, а оттогаш не може да живее без неа.
Лиса вели дека оваа зависност ја чини околу 13 долари неделно, а пресметала дека за сите овие години зависност потрошила околу 10.500 долари.

 


“Јадам шише од околу 200 грама дневно. Има убав вкус, мене ми се допаѓа, се чувствува тој вкус на сапун. Најдолго што можам да издржам без талк е половина час. Еднаш ми се случи поради сплет на околности да останам два дена без бебешка пудра. Тоа беа најлошите два дена во мојот живот”, изјавила Лиса.
44-годишната Британка една деценија ја криела својата зависност од своите домашни, но во една прилика сопругот ја фатил што прави во тоалетот. Тогаш ја натерал да побара професионална помош и било утврдено дека Андерсон пати од болест наречена “пика синдром”.
Што е пика синдром?
Пика синдром е нарушување во исхраната при кое доаѓа до консумирање на ненутритивен материјал како земја, креда, камен, хартија или во овој случај – талк. По еден или повеќе месеци ваква консумација може да се воочи овој синдром. Пика синдромот често се поврзува со менталните нарушувања или со первазивни развојни нарушувања како што е аутизмот.
Оваа болест исчезнува и без медицинска интервенција, но може да трае со години и да предизвика здравствени проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.