Потрошиле милиони за да ја направат оваа зграда: На свеченото отворање сфатиле дека нешто изгледа многу безобразно

Гуангсу Њу Медиа Центарот бил отворен минатиот петок на југоистокот на Кина.
Отворањето на зградата е зачинето со огномет кој бил поставен на врвот поради отворањето на фестивалот на жетвата, кој во главно го прославуваат жителите на Кина и Виетнам.
Сепак, тоа поради што ова здание дошло во центарот на интересирањето на јавноста е неговиот облик. Имено, според многумина целиот овој комплекс на згради личи на огромен пенис со тестиси.
Кога ги прашале за изгледот, архитектите на проектот рекле дека се базирале на пејзажите на покраините Гуангсу и Јунан.

За изградба на ова здание биле потребни две години.
На отворањето присуствувале голем број на гости, а имало и богата содржинска програма која била крунисана со огномет.
Меѓутоа, токму огнометот додал масло на огнот бидејќи злобните јазици дури тогаш добиле крила да го коментираат изгледот на зградата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.