Починал маж кој бил заразен со Ковид 613 дена: Бил вакциниран и развил 50 мутации

Имунокомпромитиран пациент кој бил инфициран со Ковид-19 вкупно 613 дена, за време на кои развил нов, силно мутиран сој, починал како последица на хематолошки проблеми, открија холандските научници.Овој маж (72) бил вакциниран неколку пати, но немало имунолошки одговор на имунизацијата, а со варијантата омикрон се заразил во февруари 2022 година, пренесува Time.Потоа развил повеќе од 50 мутации, вклучително и некои кои укажуваат на зголемена способност за избегнување на имунолошката одбрана, велат научниците.Деталната анализа на примероците собрани од десетици брисеви од нос и грло покажа дека коронавирусот развил отпор кон сотровимаб, третман за создавање антитела, за неколку недели, соопштија научниците од Центарот за експериментална и молекуларна медицина на Универзитетот во Амстердам.Тие истакнаа дека 20-месечната инфекција е најдолгата позната и дека нема записи за други пациенти со оваа варијација, но предупредија дека продолжените инфекции му дозволуваат на пандемискиот вирус да акумулира генетски промени, потенцијално создавајќи нови варијанти на вирусот.
„Овој случај го истакнува ризикот од постојани инфекции САРС-КоВ-2 кај имунокомпромитирани лица. Ја нагласуваме важноста од континуиран геномски надзор на еволуцијата на САРС-КоВ-2 кај имунокомпромитирани лица со продолжени инфекции“, велат научниците кои ќе го презентираат овој случај следната недела на медицинска конференција во Барселона.
Научниците кои ги проучуваат геномските податоци собрани од примероците од канализацијата пријавиле докази за лица со високо мутирани видови на коронавирус.Ваквите постојани инфекции, исто така, може да предизвикаат пациентите да имаат долгорочни симптоми на Ковид, покажуваат истражувањата.

Пронајдете не на следниве мрежи: