Денеска почина актерот Жарко Лаушевиќ.
Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска, 15 ноември 2023 година.
- Најзавидните луѓе се родени под овие три хороскопски знаци
- Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во Грција, а во Скопје преку активисти шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните
- Џенифер Лопез во ретро издание: Позира во сатенска долна облека и ги покажува своите извајани мускули
- Автомобил се судри со авион на аеродромот во Милано
- „Ми се допаѓа што повеќе не сум слабата од Плејбој“: Поранешната зајачица „старее грдо“, но навистина не ѝ е гајле
Жарко Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње, а дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, во 1982 година, кога станал член на Југословенскиот драмски театар. Тој ќе остане запаметен како еден од најталентираните актери во поранешна Југославија, кој се истакна и со посебен шарм и со мистерија карактеристични за меланхолиците. Списокот на ликовите што ги отелотвори е долг, но тој не беше шмекер само во истоимениот филм, туку и во речиси сите продукции во кои се појавуваше.
Своето филмско деби го имаше во 1982 година, со улога во филмот „Прогон“. Истата година игра значајни улоги во филмовите Савамала и Директан пренос. Многу брзо добива една од главните улоги во ТВ серијата Сиви дом (1984), која му донесе голема популарност. После тоа, играше улоги во повеќе од дваесет филмови и телевизиски серии, меѓу кои: Шмекер (1985), Свечена обврска (ТВ) (1986), Се случи на денешен ден (1987), Офицер со роза (1987), Браќа по мајка (1988), Битката во Косово (1989), Оригинален фалсификат (1991), Подобро од бегство (1993), Кажи ми зошто ме остави (1999), Нож (1999).
Жарко и неговиот пет години постар брат Бранимир, познат како Мили, на 31 јули 1993 година беа нападнати од група хулигани во близина на кафеаната „Епл“ во Подгорица. Во таа прилика Жарко со својот пиштол ЦЗ-99 ги уби напаѓачите Драгор Пејовиќ и Радован Вучиниќ, а тешко го рани Андрија Кажиќ, додека овој се приближуваше да им се придружи на напаѓачите. Лаушевиќ е осуден на 13 години затвор за двојното убиство.
Почина на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Балканската јавност го знае по улогите во најдобрите серии и филмови и неговата смрт е голема загуба за сите.
Пронајдете не на следниве мрежи:



