Почина бизнисменката и хуманитарка Нина Јаневска

Познатата бизнисменка и хуманитарка Нина Јаневска, почина денеска во Скопје по долго боледување.
За загубата на Јаневска објави хуманитарниот клуб Inner Wheel Club of Skopje, чиј член беше таа.
-Со голема тага во нашата душа, Ве известуваме дека почина нашата членка Нина Јаневска. Погребот ќе се изврши утре на Градските гробишта Бутел во Скопје во 9:30 часот. Секогаш ќе ја чуваме во нашите срца, напишаа од Inner Wheel Club of Skopje на својот Фејсбук профил.
Нина во јавноста беше позната и како сопруга на бизнисменот Светозар Јаневски, претседателот на Управниот одбор на винаријата „Тиквеш“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.