Почина големиот моден фотограф Петер Линдберг

Прочуениот моден фотограф од Германија, Петер Линдберг почина во 75-тата година од животот. Веста за неговата смрт ја објавија членовите на неговото семејство на Инстаграм.
Линдберг е познат по соработката со супермоделите Синди Крафорд, Наоми Кемпбел, Кејт Мос и Линда Евангелиста во 90-тите години на минатиот век.
-Со огромна тага сооопштуваме за заминувањето на Петер Линдберг. Зад себе остави голема празнина, пишува во пораката која на неговиот официјален профил на Инстаграм ја објави семејството.
Линдберг, кој порасна и се образуваше во Германија, своите први модни чекори ги направи откако се пресели во Париз 1978 година. Почина завчера, на 3 септември. Зад себе остави четири сина и седум внуци.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.