Почина Душан Шуица, поранешен фудбалер на „Вардар“

По кусо боледување, вчера во 71-та година од животот почина Душан Шуица, поранешниот фудбалер на скопски “Вардар“.
Шуица е родум од Липјан, Косово. Својата фудбалска кариера ја започна во родното место, а преку Приштина и “Раднички“ Крагуевац, во 1973-тата година дојде во редовите на “Вардар“. Црвено-црниот дрес го носеше четири сезони до 1977-ма година. Во тој период за “Вардар“ настапи на 85 натпревари и постигна вкупно 26 голови во тогашната Прва Сојузна лига на Југославија.
Заради неговите голгетерските способности Шуица многумина го споредуваа со легендарниот германски репрезентативец Герт Милер, а во 1974-тата и 1976-тата година беше и прв стрелец на “Вардар“.
Погребот на Душан Шуица ќе се одржи во вторник на Градските гробишта “Бутел“ во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.