Почина Владимир Блажев – Панчо, дел од групата „ДНК“ кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март.
Панчо починал во приватната болница Систина каде беше на лекување.
Јавното обвинителство ја потврди информацијата и соопшти дека ќе биде издадена обдукција.
Панчо беше еден од осомничените за пожарот, но против него времено беше прекината постапката поради неговата здравствена состојба.
Панчо почина на 46 години. Во пожарот во Кочани загина и пејачот Андреј Ѓоргиевски и дел од групата „ДНК“.


