сабота, 28 ноември 2026
Најново

Почина пејачката на шведската поп група Роксет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пејачката на популарното шведско поп дуо Роксет, Мари Фредриксон почина на 61-годишна возраст после 17-годишната битка со ракот. Шведската поп ѕвезда, чии најпознати хитови беа „It Must Have Been Love“ и  „Listen To Your Heart“, почина во понеделникот.
Музичарката се повлече од турнеи пред три години по налог на лекарите, а зад себе ги остави сопругот Микаел Болиос и нивните две деца, ќерката Инез Јосефин (26) и синот Оскар (23).
Во 2002 година Мари колабираше и имаше напад додека џогирала со сопругот и тогаш и беше дијагностициран тумор на мозокот.
Мари поради месеците поминати на хемотерапија и радијација, остана слепа на левото око и со намален слух и способност за говор, а во 2005 година објави дека се чувствува здраво и нема повеќе потреба од лекарски третмани.

Поврзани вести