
Денес на 89-годишна возраст почина поетот Милан Терзовски, соопшти Друштвото на писателите на Македонија. Терзовски е роден во 1930 година во Куманово, а член е на ДПМ од 1961 година.
Автор е на збирките поезија: „Чекори во себе“ (1961), „Омарнина“ (1968), „Балади за Козјак“ (1973), „Постапалки“ (1981), „Галичица“ (1985), „Црно распаќе на песната“ (1991), „Сончев часовник“ (2001), „Азбучна молитва“ (2010).
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта „Бутел“ утре од 10.30 до 11.30 часот.