сабота, 28 ноември 2026
Најново

Почина поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По неколкугодишно болување во 95-тата година од животот почина поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, јави BBC. Мугабе беше на чело на Зимбабве речиси четири децении, прво како премиер, а потоа како претседател. Тој беше водач на движењето за ослободување на Зимбабве од владеењето на белото малцинство.
Мугабе беше симнат од власт за време на воениот удар во ноември 2017-та година. Роден е на 21 февруари 1924-та година во тогашна Родезија.
Последниве месеци неговата здравствена состојба била толку лоша, што тој не можел ниту да оди. Се лекувал во Сингапур, но никогаш не беше соопштено од што боледува.

 

Поврзани вести