Почина поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак

На 87-годишна возраст почина поранешниот француски претседател Жак Ширак. Роден е на 29 ноември 1932 година во Париз, а претседател на Франција беше во два мандата и тоа од 17 мај 1995 до 16 мај 2002 година и од 17 мај 2002 до 17 мај 2007 година. Претходно Ширак беше градоначалник на Париз и премиер.
На 15 декември 2011 година, во времето кога беше градоначалник на Париз Ширак беше осуден на две години затвор за злоупотреба на државни фондови и судир на интереси. Една од најважните политички реформи што тој ги спроведе е намалување на мандатот на францускиот претседател од седум на пет години. Како што наведува Би-Би-Си последните години на владеењето на Жак Ширак биле обележани со скандали со корупција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.