четврток, 12 ноември 2026
Најново

ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК: Ихар Ледник почина на 63-годишна возраст, одлежувајќи тригодишна затворска казна за навреда на ЛУКАШЕНКО

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Социјалдемократската партија на Белорусија во вторникот соопшти дека нејзиниот член Ихар Ледник починал на 63-годишна возраст во поправна колонија каде издржувал тригодишна затворска казна под обвинение за навреда на авторитарниот владетел на земјата, Александар Лукашенко.

Причината за смртта се уште не е позната.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Здравствената состојба значително му се влошила во затворот, каде што бил опериран на стомакот, велат неговите колеги.

Групата за човекови права „Вјасна“ соопшти дека Ледник е петтиот политички затвореник што починал во белоруски затвор за помалку од две години.

Поврзани вести