Почина храброто дете кое ја спаси својата мајка од силување, но се здоби со тешки повреди на черепот

Шеснаесетгодишното дете кое ја спаси својата мајка од силување почина 19 месеци откако напаѓачот му го смачка черепот. Иван Вања Крапивин добро се опоравуваше иако изгуби поголем дел од челната коска во нападот кој се случи во мај минатата година, но пред два месеци доби грип и почина во вторникот.
Детето од местото Северодинск на северозападот од Русија, дошло дома од училиште и го затекнал соседот над мајката Наталија Крапивина, која била натопена во крв. Роман ПРонин (37) ја присилувал жената на секс, па Вања, за да ја спаси мајката, зел тег од 3 килограми и со него го удрил мажот, пишува news.sky.com.

Потоа соседот го удрил со истиот тег него. Што имало фатални последици. Соседот мислел дека на лице место ги убил. Малиот херој долго се бореше да преживаа, но по болест од грип, конечно ја загуби битката…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.