Почина ѕвездата на филмот „Длабоко грло“

Американскиот порно актер од 70-сетите години Хари Римс(65), познат по улогата во познатиот порно филм „Длабоко грло“, почина во Солт Лејк Сити од рак на простатата.Римс глумел во 300 филмови за возрасни, но кариерата му остана запаметена по улогата на доктор на Линда Ловелајс во „Длабоко грло“.Таа улога го доведе и до суд. Агентите на ФБИ го уапсија во 1974 година и беше обвинет за ковање заговор со цел ширење на неморал преку државните граници. Имаше тврдења дека тој е единствениот актер кого сојузната влада казнено го гонеше само затоа што настапил во филмот. Римс подоцна се жалеше дека тој случај му оневозможил да изгради кариера во ’меинстрим’ филмовите, што отсекогаш го сакал.По завршувањето на актерската кариера се посвети на бизнисот со недвижнини во Јута и во таа работа беше прилично успешен. Ракот на простата му беше дијагностициран минатата година.
МакфаксАмериканскиот порно актер од 70-сетите години Хари Римс(65), познат по улогата во познатиот порно филм „Длабоко

Пронајдете не на следниве мрежи: